Ливерпул и Манчестер Јунајтед синоќа одиграа натпревар без голови на „Енфилд“, а Жозе Мурињо после натпреварот упати критики кон Пол Погба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Погба ова лето стана најскапо платениот играч во историјата на фудбалот, а Мурињо призна дека очекувал негово поголемо влијание на теренот.
„Очекував повеќе пробивања од местото на кое играше Погба. Одбранбено одигравме многу добро, но моравме да направиме повеќе према напред. Имавме голема шанса и мислев дека Златан тоа ќе го претвори во гол“, изјави Мурињо.
„Специјалниот“ не е единствен кој мисли дека Погба разочарал со своите настапи. Социјалните мрежи после големото дерби беа полни со критики кон Французинот, а некои го нарекоа „измама“.