Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Швајцарија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денеска во Лигата „Ц“ нашите најдобри фудбалерки триумфираа со 4:3 против летонската селекција на гостувањето во Рига.
Домаќините поведоа со голот на Миксоне во 7. минута, но Македонија за кратко време направи комплетен пресврт. Рочи изедначи на 1-1, Рокане си постигна автогол за 1-2, а Андонова во 32. минута реализираше за 1-3.
Полуховица во 63-тата минута намалува на 2-3, а Ана Милчевска во 69-тата повторно ја враќа предноста од два гола за Македонија. Конечните 3-4 ги постави Миксоне во 76-тата минута.