Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубови, а тој преферира кариерата да ја продолжи на „Сан Сиро“.
22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан покажува најсериозен интерес за Холанѓанецот и го посочил како главна трансфер цел за летниот преоден рок, бидејќи во Зиркзе гледа идеален наследник на Жиру.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Зиркзе веќе му кажал ДА на Милан, кој за неговиот потпис ќе плати 50 милиони евра, плус услугите на Салемакерс кој оваа сезона игра на позајмица во Болоња и е проценет на 10 милиони евра.