Дома Фудбал Шпански новинар тврди: Модриќ има две опции

Шпански новинар тврди: Модриќ има две опции

Имајќи го предвид сето она што го постигна во кариерата, многумина со право тврдат дека Лука Модриќ е eден од најдобрите во историјата на Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капитенот на хрватската репрезентација и на 38 години игра важна улога во кралскиот клуб, но според одредени информации од Шпанија, одличниот играч за врска размислува и за крај на својата играчка кариера.

Имено, новинарот на популарното шпанско шоу „Ел Чирингито“, Едуардо Инда откри дека Модриќ се откажал од заминување од Мадрид поради намалената минутажа и дека пред себе има две опции, пишува „Индекс“.

Едната е да остане во Реал без разлика на минутажата до следната година кога ќе заврши со играњето, а другата е да го направи тоа веќе летово по Европското првенство во Германија.

Наводно, Модриќ сака да ја заврши кариерата како играч на Реал, а би сакал да избегне преселба главно поради семејството кое му е на прво место. Според Шпанците тој се уште ја нема донесено одлуката, договорот со „кралевите“ му истекува на крајот од актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…