Дома Останати Тенис Во Србија убедени: Човекот кој освои над 50 титули е идеалниот тренер за Ѓоковиќ!

Во Србија убедени: Човекот кој освои над 50 титули е идеалниот тренер за Ѓоковиќ!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, се наоѓа во Монте Карло каде се соочува со нови предизвици во својата кариера.

Придружен од поранешниот селектор на српската тениска репрезентација, Ненад Зимоњиќ, тој истражува нови начини за подобрување на својата игра. И покрај што не е официјално потврдено на големо се најаувва дека Зимоњиќ ќе му биде дел од тимот. Официјалната потврда се очекува во наредните денови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дел од јавноста смета дека со своите 24 грен слем титули, Ѓоковиќ е на врвот на својата игра и можеби не му е потребен тренер во овој момент од неговата кариера. Сепак, постојано развивање и учење се дел од неговиот менталитет, па соработката со Зимоњиќ може да биде добредојдена за идеи и нови пристапи во тренингот.

Зимоњиќ, кој osv е искусен тенисер со низа одлични резултати во својата кариера, може да биде не само спаринг партнер, туку и извор на вредни совети и искуства за Ѓоковиќ. Нивната соработка, иако можеби краткотрајна, има потенцијал да донесе нови подобрувања и успеси во иднина, особено на Олимписките игри каде што Новак најави дека ќе настапи.

Зимоњиќ е познат по своите успеси како играч и селектор на тениската репрезентација на Србија. Неговата тимска способност и врвен резултати го прават важен дел од светската тениска сцена. Како играч освои над 50 титули во машка и мешана конкуренција, а на 17 ноември 2008 година дојде на врвот на АТП листата во конкуренција на двојки. Вкупно, тој помина 50 недели како број 1 во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…