За домашниот натпревар од плејофот на ракометно првенство на Македонија каде Вардар треба да го пречека Еурофарм Пелистер, од денеска во продажба се пуштени билетите за истиот натпревар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за 9 април 2024 со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister_april и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа.
За влез во сала ќе ви треба да имате купено билет, или испечатен ваучер што ќе го купите онлајн (може и во ПДФ формат на вашиот телефон)
Цени на билети по блокови:
БЛОКОВИ – 1, 2, 3, 16, 8, 11
Цена – -200 ден
БЛОКОВИ – 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14, 15, А1,
Цена – -250 ден
БЛОКОВИ – А2, А3, А5, А6
Цена – -350 ден
Продажба на билети за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандаски“. Работното време на билетарницата ќе биде:
Вторник (9 април) од 12 часот па се до почеток на натпреварот