Дома Фудбал Германија Тухел крена бело знаме: Им ја честитам титулата на Леверкузен

Тухел крена бело знаме: Им ја честитам титулата на Леверкузен

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, призна дека неговиот тим ги загуби шансите за титулата, откако Баварците загубија од Борусија Дортмунд во големото германско дерби. 

Баерн сега заостанува цели 13 бода зад лидерот Леверкузен, а Томас Тухел веќе им ја честита титулата на „фармацевтите“.

„Математички сè уште имаме шанси, но тоа веќе не е реално. Тешко е да се објасни ова. Имаше целосен недостаток на страст. Очигледно ни е многу тешко да им пристапиме на натпреварите на вистински начин, со вистинска страст.. По денешниот натпревар не треба ништо да кажеме. Честитки за Леверкузен“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…