Tренерот на Барселона Чави Ернандез потврди дека поднел тужби против двајца спортски новинари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во медиумите често се објавуваат разни информации кои се покажуваат како неточни, меѓутоа ретко кој се одлучува на тужба. На таков потег сега се одлучи тренерот на Барселона.
Чави вели дека е човек кој не трпи лаги, па токму затоа и се одлучил на таков потег.
„Точно е не ми се случило никогаш претходно. Разбирам да се критикува, но не можам да толерирам лажење и измислување. По некои големи лаги време е да се каже доста“, изјави Чави.