Дома Фудбал Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.

Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.

„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.

Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реакцијата на Кејн кога му стана јасно дека и оваа сезона ќе остане без трофеј

Хари Кејн во кариерата постигна повеќе од 400 голови, најмногу во Тотенхем каде што одигра…