Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година доживеа пораз од Шведска во квалификациите за ЕП
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија одлично се бранеше во првото полувреме, но Шведска од старт ја оправда фаворитската улога и доминираше во првиот дел.
На самиот старт на второто полувреме Михаил Димитриевски доби директен црвен картон за груб старт. Водството за Швеѓаните го донесе Ото Росенгрен во 67.минута, а Вилхелмсон во финишот од мечот го потврди триумфот.
По шест одиграни кола Македонија е на петтото место со шест освоени бода, па ги загуби шансите за пласман на ЕП.