Дома Фудбал Објавени најплатените фудбалери во Ла Лига – најплатениот е изненадување!

Објавени најплатените фудбалери во Ла Лига – најплатениот е изненадување!

Францускиот весник „Л’Екип“ денеска ги објави најплатените фудбалери во шпанската Ла Лига, а името на фудбалерот кој е на врвот можеби е и изненадување за многумина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Очекувано, во врвот доминираат фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, меѓутоа најплатен е 32-годишниот Давид Алаба. Алаба е одличен фудбалер, меѓутоа изненадува што заработува повеќе од ѕвезди како Винисиус, Левандовски, Гризман…

Во редовите на Реал Мадрид Алаба пристигна во 2021 година без оштета од Баерн Минхен, па тоа очигледно било доволно Реал да му ја даде најголемата плата во првенството која изнесува 1.88 милиони евра месечно.

Алаба имаше проблеми и со повредите, а од јануари минатата година до крајот на оваа сезона ќе пропушти дури 50 натпревари. На листата зад Алаба се Роберт Левандовски со 1.87 милиони евра, па Винисиус со 1.67, а исто толку заработуваат Белингем и Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…