Дома Фудбал Останато Објавено видео од апсењето на Робињо во Бразил 🎥

Објавено видео од апсењето на Робињо во Бразил 🎥

Бразилецот Робињо беше уапсен во четвртокот вечерта во Сантос по наредба на Судот во Бразил и беше однесен во затвор каде ќе треба да одлежи деветгодишна казна за силување. Во јавноста беше објавено и видео од неговото апсење.

Робињо беше осуден во отсуство во Италија, но сметаше дека е безбеден во својата татковина бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани. Сепак, италијанското правосудство побара поранешниот играч на клубови како Реал Мадрид и Милан да ја отслужи казната во Бразил, па беше уапсен за делото што се случи на крајот на јануари 2013 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш Робињо, неговиот пријател Рикардо Фалко, како и уште четворица мажи силувале млада девојка во тоалетот на ноќен клуб во Милано, а обвинетите се бранеле дека врската се одвивала со согласност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …