Дома Фудбал Претседателот на Барса за можниот трансфер на Мбапе: Ќе ја уништи соблекувалната на Реал

Претседателот на Барса за можниот трансфер на Мбапе: Ќе ја уништи соблекувалната на Реал

Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната. Иако нема официјална потврда, се чини веројатно дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

За тоа пишуваат шпанските и француските медиуми, но и експертите за трансфери како Фабрицио Романо, кој веќе ја објави финансиската страна на зделката. Сето ова го коментираше претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова може да има негативни последици за тимот од Мадрид, изјави претседателот на Барселона, Лапорта во коментар за евентуалниот договор со Реал.

„Воопшто не му завидувам на Реал, а освен тоа, се уште не ни знаеме дека ќе потпише за нив. Ќе видиме… Но во тој случај тие имаат проблем. Ќе мора да продадат некој за да го донесат, нели? И нема да можат Мбапе и Винисиус да играат на иста позиција, нели? Да не зборувам за сумите што се спомнуваат. Сигурен сум дека ќе ја уништи соблекувалната на Реал “, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната шпанска актерка го освои срцето на Мбапе, но што ќе рече на тоа Винициус? (Фото)

Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради головите туку по…