Дома Фудбал Останато Германија после 70 години го менува „Адидас“ со „Најк“

Германија после 70 години го менува „Адидас“ со „Најк“

Германскиот фудбалски сојуз објави дека потпишал договор за партнерство со американскиот гигант во производствто на спортска опрема „Најк“ за периодот од 2027 до 2034 година.

Ова значи дека репрезентацијата после повеќе од седум децении нема да ја опремува германскиот производител „Адидас“.

„Адидас“ е познат германски бренд кој е основан во 1924 година, а во јули слави еден век постоење. Тие беа спонзор на германската репрезентација цели 77 години.

Поради тоа изненадувачки е што германската репрезентација ќе го замени „Адидас“ со најголемот ривал „Најк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Младата селекција без крајна награда: пораз во Шведска за крај на циклусот

Македонија до 21 година ги затвори квалификациите за ЕП 2027 со гостински пораз од Шведска…