Поранешниот турски фудбалер Ерсен Мартин почина на 45-годишна возраст, потврдија турските медиуми.
Кариерата Мартин ја започна во Баерсдорфер, а потоа се пресели во германски Нинберг каде што го имаше својот прв сениорски договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Подоцна играше за Бешикташ, Сиртспор, Гезтепе, Денизлиспор, Анкараспор, Трабзонспор, Рекреатив, Сивас, Манисаспор, Кашипаша, Генчелербирлиги и Ејупспор.
За турската репрезентација одигра три натпревари. Фудбалската кариера ја заврши во сезоната 2012/2013.
Ќе потсетиме во текот на вчерашниот ден спортскиот свет беше погоден од смртта на поранешниот хокеар и сегашно момче на тенисерката Арина Сабаленка, Константин Колцов, а најважната битка по два дена поминати во болница ја загуби и директорот на Фиорентина, Џо Бароне.