Најголемото дерби на англискиот фудбал помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, заврши без голови и не ги оправда очекувањата на фановите.
Најавуван како дерби во кој двата ривала ќе водат голема борба, дуелот понуди многу малку од убавината на фудбалската игра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двата тима, како што покажува конечниот резултат, одиграа натпревар во кој примарна цел беше да се сочува сопствениот гол.
Манчестер Јунјатед подобро стоеше на теренот во првото полувреме, но ниту еден од неговите фудалери не успеа посериозно да го загрози голот на Каријус.
Ливерпул одигра подобро во второто полувреме, кога и пропушти две шанси да го совлада Де Геа, кој успеа најпрвин да го одбрани ударот на Емре Џан во 59-та минута, а 12 минути подоцна со бравурозна парада го одбрани ударот на Кутињо од 25 метри.