Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Гонсало Рамош за првпат откри дека се соочил со здравствени проблеми во декември.
Како што ракажа Рамош тој ослабел дури осум килограми, а 20 дена крварел и повраќал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Минатото лето тој пристигна во Пари Сен Жермен од Бенфика на позајмица со цел да се заобиколи финансискиот фер-плеј и по неколк месеци стигна информација дека ќе биде откупен на лето за 80 милиони евра.
Сепак, не доби многу шанса за игра и се шпекулираше дека ПСЖ може да го продаде, но зад сцената напаѓачот се соочувал со сериозни проблеми.
„Поминав низ тежок период во декември. Започна со вирус, а потоа дојде до инфекција на дебелото црево. Цели 20 дена крварев и повраќав, тешко ми беше да јадам, имав грозница и висока температура. Во болница завршив пет пати, ослабев осум килограми“, изјави Рамош.