Дома Фудбал Чави го чека жестока казна, го пропушта натпреварот на сезоната?

Чави го чека жестока казна, го пропушта натпреварот на сезоната?

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез би можел да добие суспензија од два до три натпревари во Примера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој заработи црвен картон на дербито со Атлетико во Мадрид, а бидејќи веќе му е втор сезонава, Ла Лига би можела да му даде поригорозна суспензија.

Чави сигурно ќе добие суспензија од два натпревари, меѓутоа не е невозможно да паузира и уште еден натпревар.

Во тој случај, Чави нема да може да ја води Барселона ниту на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ на 21 април, што може да биде клучен меч во борбата за титулата.

Претходно, по репрезентативната пауза, Барселона го пречекува Лас Палмас, а потоа гостува кај Кадиз. Каталонците моментално се втори во Примера со осум бода помалку од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…