Дома Фудбал Чави пресреќен: Го одигравме можеби најдобриот натпревар во сезоната!

Чави пресреќен: Го одигравме можеби најдобриот натпревар во сезоната!

Барселона вчера славеше убедливо против Атлетико Мадрид и тоа ретко кој го очекуваше. Каталонците издоминираa, па Атлетико мораше да се помири со поразот.

Чави беше задоволен од она што го прикажаа неговите фудбалери и истакна дека тимот го одиграл можеби и најдобриот натпревар во сезоната.

Новинарите ги интересираше и дали ја сменил одлуката да остане во Барселона.

„Во овој момент тоа не е толку важно. Не би зборувал на таа тема. Натпреварот беше сличен како против Наполи пред неколку дена. Според мене беше можеби и најдобриот натпревар на Барселона во сезоната. Сепак, ние сме Барселона и не смее да дозволиме да се опуштиме по ваков натпревар“, истакна Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…