Селекторот на Италија, Џампиеро Вентура беше незадоволен од изданието на своите фудбалери во натпреварот против нашата репрезентација кој заврши без победник 1:1 и нагласи дека Италија ќе се мачи во баражот доколку прикаже игра како во овој натпревар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првото место во нашата група веќе го обезбеди Шпанија кога се пласираше директно на Мундијалот во Русија. На Италијаните им останува да бидат помеѓу осумте најдобри второпласирани селекции и преку бараж да стигнат до Русија.
Меѓутоа во вчерашниот натпревар во Торино лесно беше да се забележат многу слабости во репрезентацијата на Италија.
„Ќе се мачиме во баражот, ако играме како во второто полувреме против Македонија. Не е потребно да бидете тренер за да можете тоа да го забележите. Резултатот не е позитивен, тоа не е она што го посакувавме. Сега е важно да ја вратиме енергијата кај фудбалерите и да обезбедиме бараж“, изјави Вентура.