Како што беше потврдено Јуп Хејнкес се врати во Баерн, а по повод таа прилика германските медиуми ги открија фантастичните бројки на овој искусен стручњак.
1011 – Бројот на натпреврари во Бундеслигата на кој Хејнкес се нашол во улога на играч (369) и како тренер (642).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
1 – Искусниот стручњак е првиот тренер во историјата на Бундеслигата кој ќе води ист клуб по четврти пат.
221 – Бројот на натпревари во кој го водеше Баерн во претходните три мандати.
62.4 – Процентот на победи со Баерн. Хејнкес оствари 138 победи.
3 – Трофеи со Баерн во Бундеслигата на кои треба да се додаде трофејот во Лигата на шампионите, германскиот куп и трите Суперкупа.
2.41 – Просекот на освоени бодови по натпревар во последниот негов период во Баерн (2011-2013).
Но, листата на трофеи на тренерот кој го наследува Анчелоти не се завршува само во Баерн. Хејнкес како тренер на Реал ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија, а со Шалке освои два Интертото купа.
Хејнкес беше исклучително успешен и како играч на Борусија Менхенгладбах со која освои два трофеи во Купот на УЕФА, четири титули во Бундеслигатаи и еден Куп. Со Западна Германија беше шампион на Европа во (1972) и светот (1974). Два пати беше најдобар стрелец во Бундеслигата, а во 2013 година беше прогласен и за тренер на годината.