Во Баерн се враќа човекот под чие водство гигантот од Минхен го играше најдобриот фудбал во по новата фудбалска историја.
Германскиот магазин „Кикер“ пренесува дека Јуп Хејнкес кажал „ДА“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот тренер се согласил да се врати од пензија и повторно да го превземе кормилото на Германскиот гигант.
За Хејнкес ова ќе биде четврти мандат во Баерн и од него се очекува да ја подигне моменталната форма на екипата и да донесе нови трофеи.
Хејнкес во својата кариера со Баерн освои три титули во Бундеслигата, еден Куп на Германија, три Суперкупа и еден трофеј во Лигата на шампионите.
Искусниот стратег ќе го предводи Баерн до крајот на сезоната, а неговиот стручен штаб ќе го сочинуваат луѓето кои му помогаа и во последната сезона кога Баерн освои тројна круна