Дома Фудбал Останато Сензационална најава: Србија и Албанија заедно ќе организираат Европското првенство?!

Сензационална најава: Србија и Албанија заедно ќе организираат Европското првенство?!

Фудбалскиот сојуз на Србија смета дека може да се кандидира за организација на Европското првенство до 21 година кое треба да се одржи во 2027 година.

Потврдено е дека претставниците на фудбалот на нашиот северен сосед поднеле кандидатура која би можела да биде условена од УЕФА со коорганизација со Албанија. Во Србија наводно се подготвени да ја прифатат ваквата препорака од Нион, но со оглед на политичката тенизија меѓу двете земји тоа би можело да донесе осуда од јавноста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин при посетата на Белград изјави дека градот наскоро би можел да добие организација на финале во Лига Европа или Конференциска лига.

Тоа би било можно кога ќе се заврши Националниот стадион во Сурчин кој ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Стадионот би требало да биде спремен во 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херој на сезоната: Сам си го плати трансферот, а сега и го врати славниот клуб во повисок ранг

Шпанскиот фудбалер Лукас Перез е еден од главните херои во актуелната фудбалска сезона во …