Дома Македонски спорт Мак ракомет Ангеловски по 14. пораз во Лигата на шампионите: Горд сум на момците!

Ангеловски по 14. пораз во Лигата на шампионите: Горд сум на момците!

Eурофарм Пелистер вчера беше поразен и во последниот натпревар против Клоштад (34:27) од групната фаза во Лигата на шампионите која ја завршува со 14 порази

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на македонскиот шампион, Бранислав Ангеловски по поразот изјави дека е горд на своите играчи.

„Колштад одигра подобро од она што го гледавме на видео. Не бевме подготвени бидејќи не можевме да сметаме на сите ракометари кои ги имаме. Но, горд сум на моите момци, бидејќи игравме со еден млад тим кој е полн со македонски играчи кои се иднината за нашиот ракомет. Доаѓаме од една мала земја каде ракометот е спорт број еден и се надевам дека секоја наредна година ќе бидеме се подобри.“, изјави Ангеловски.

Пред Еурофарм Пелистер викендов е гостувањето во Кавадарци против Тиквеш, кој сезонава покажува квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…