Дома Останати Кошарка Спектакуларниот настап на Нено: Како ја уништи ЦСКА со 38 поени 🎥

Спектакуларниот настап на Нено: Како ја уништи ЦСКА со 38 поени 🎥

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ вечерва го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и го наполни кошот на најтрофејниот руски тим ЦСКА Москва.

Димитријевиќ беше човек на одлука во дербито на колото во руското првенство и со 38 поени беше најзаслужен за победата на својот тим од 84:78. Дури 21 поен Димитријевиќ постигна во последната четвртина кога Уникс направи пресврт и дојде до победата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонскиот кошаркар имаше само едно промашување од игра и оствари индекс 48

За Уникс ова беше седми триумф по ред со кој излезе осамен на првата позиција, додека ЦСКА го претрпе четвртиот пораз и потврди дека се наоѓа во лоша форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ беше присутен на ноќешната победа на Денвер Наг…