Како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Барселона се соочува со проблем бидејќи никој не сака да го напушти клубот.
Имено, клучна работа за новиот тренер ќе биде способноста на клубот да потпише засилувања со оглед на финансиските проблеми. На лето се очекува реконструкција на тимот, но за да пристигнат нови фудбалери некој од актуелните ќе мора да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Андрес Кристенсен во изјава за данските медиуми изјави дека не сака да ја напушти Барселона и дека е среќен во клубот. Иста е ситуацијата и со Левандовски, Араухо, Де Јонг и Рафиња.
Ситуацијата може да се промени до летото, но очигледно е дека тешко се наоѓа клуб кој би ги почитувал актуелните договори што споменатите фудбалери ги имаат во Каталонија.