Дома Фудбал Репрезентации Србија на Англија и „украде“ талент на Манчестер Јунајтед!

Србија на Англија и „украде“ талент на Манчестер Јунајтед!

Фудбалскиот сојуз на Србија успеа да го добие талентот на Манчестер Јунајтед Едвард Ибровиќ-Флечер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за момче кое има само 15 години, но е еден од поголемите таленти во школата на клубот од „Олд Трафорд“. Тој настапува за екипата до 15 години на гигантот од „Олд Трафорд“, а сега избра во иднина да го носи дресот на селекцијата на Србија.

Секторот задолжен за следење на младите фудбалери во Србија и странство успеал да заврши голема работа, меѓутоа треба да се знае дека се додека фудбалерот не настапи на официјален натпревар за сениорската репрезентација може да ја промени репрезентацијата.

Инаку младиот Едвард Ибровиќ-Флечер подолг период е на радарот на Србија и во овој момент настапува за младинскиот тим на Јунајтед, а игра во средниот ред и е висок 177 сантиметри. Интерес за него имаше и од англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шокантни информации: Анчелоти го земал Нејмар на Мундијалот поради пари?!

Повикот на Нејмар во бразилската репрезентација не е толку сјаен како што на прв поглед из…