Веќе е познато дека Томас Тухел по завршувањето на сезоната повеќе нема да биде тренер на Баерн Минхен, а сега медиумите пишуваат и која е желбата на германскиот стратег за нов ангажман.
Тухел се поврзува со неколку европски клубови, а наводно тој сака да го води Манчестер Јунајтед.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
Во Премиер лигата, Тухел беше на клупата на Челзи, па ако би се реализирала таа негова желба би се вратил во Премиер лигата.
Но, засега Тен Хаг се уште е тренер на „црвените ѓаволи“, а и прашање е дури ако си замине дали Тухел е по мерка на раководството на клубот од „Олд Трафорд“.