Дома Фудбал Англија По сите најави за Алонсо и Леверкузен, за првпат се огласија и од Леверкузен

По сите најави за Алонсо и Леверкузен, за првпат се огласија и од Леверкузен

Ливерпул и Чаби Алонсо изгледаат како идеален пар и многумина очекуваат поранешниот шпански репрезентативец да се врати на „Енфилд“ сега во улога на тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јирген Клоп веќе потврди дека заминува на крајот од сезоната, а Чаби Алонсо засега огромен фаворит во однос на конкурентите за наследник на германскиот стратег.

По констатните пишувања изминатите медиуми за Чаби Алонсо и Ливерпул, сега за првпат се огласија и од Леверкузен. Спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес и покрај се што се пишува верува дека Алонсо ќе остане на клупата.

„Сигурен сум дека Чаби останува. Има договор и убаво се чувствува кај нас. Имам одлична екипа со преспектива за следната сезона. Секој од нас има своја улога во клубот и носи одреден квалитет. Не сме зависини од еден систем, туку тој се прилагодува на играчите кои се достапни“, изјави Ролфес.

Сезонава Леверкузен под водство на Алонсо игра фантастично и на одличен пат е да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен бидејќи на табелата имаат предност од осум бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…