Дома Топ вести Познат фаворитот за нов тренер на Барселона

Познат фаворитот за нов тренер на Барселона

Чави Ернандез на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Барселона, па веднаш започнаа шпекулациите за негов наследник.

Каталонците веќе ја започнаа потрагата за нов тренер, а најголема желба на претседателот Жоан Лапорта е италиајнскиот стратег Роберто де Зерби.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Де Зерби со неговиот Брајтон е апсолутен хит во Премиер лигата, игра одличен фудбал и остварува феноменални резултати.

Италијанецот добива комплименти и од неговите колеги, Гвардиола му се восхитува, а Лапорта верува дека би бил идеален за филозофијата и начинот на игра на Барселона.

Де Зерби е спремен да направи чекор напред во кариерата и е заинтересиран да се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ќе прифати намалување на платата од 16 на 8 милиони евра, само за да игра во Дортмунд

Шпекулациите за трансферот на англискиот крилен напаѓач Џејдон Санчо (25) добија нов пресв…