Дома Фудбал Англија Клоп доби одлични вести во вистински момент

Клоп доби одлични вести во вистински момент

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денес потврди дека Мохамед Салах е целосно спремен за враќање на терен.

Пред утрешниот натпревар Германецт потврди дека Салах ќе биде во комбинација за настап.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Мо тренираше и добро се чувствува и секако ќе биде во конкуренција за настап. Тука се и Бредли, Џо Гомез и Алисон, Конате се враќа по суспензијата, но не и Трент и Собослаи“, изјави Клоп.

Ливерпул во наредните десет дена има густ распоред бидејќи во недела гостува кај Бретнфорд, потоа во среда го пречекува Лутон во заостанатиот натпревар, а наредниот викенд следи борба за првиот трофеј, финалето во Лига Купот против Челзи.

Враќањето на Салах секако дојде во вистински момент и се очекува Клоп да му ја дозира минутажата за диде спремен за финалето на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Ливерпул не успеа да го надгради успехот и релативно добрата игра против Вест Хем пред нек…