Дома Македонски спорт Мак баскет Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија – Естонија

Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија – Естонија

Кошаркарската федерација информираше дека билетите за натпреварот против Естонија во рамките од квалификациите се пуштени во продажба.

Натпреварот помеѓу Македонија и Естонија е во рамките од првото коло и закажан за 23-ти февруари со почеток од 19:00 часот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Билетите можете да ги купите онлајна преку „Мк Тикетс“ – ТУКА, а цената изнесува 250 денари.

Само три дена по натпреварот против Естонија Македонија ќе и гостува на Полска која е еден од домаќините на Европското првенство заедно со Кипар, Финска и Летонија.

Во квалификациската група со Македонија е и Литванија. Бидејќи Полска како домаќин е веќе пласирана, место на континенталниот собир добиваат двете надјобропласирани селекции во групата „Х“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…