Дома Трансфер зона Уште еден фудбалер најавил заминување од Барселона

Уште еден фудбалер најавил заминување од Барселона

Во Барселона неодамна силно одекна веста дека Чави Ернандез си заминува на крајот од сезоната, меѓутоа тој веројатно нема да биде единствениот кој ќе ги напушти редовите на каталонскиот гигант.

Од претходно се најавува дека клубот ќе го напуштат Рафиња, Торес, Араухо и Кристенсен, меѓутоа ново име на оваа листа е Френки Де Јонг. Наводно Холанѓанецот изразил желба да ја напушти Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна извори блиски до Барселона наводо тврдат дека Барселона и би можела да му дозволи да замине доколку за него пристигне адекватна понуда.

Во договорот на Де Јонг има откупна клазула во износ од 400 милиони евра и јасно е дека тоа е премногу, сумата која се споменува е околу 100 милиони евра.

Интерес за Де Јонг претходно покажал тимот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…