Дома Фудбал Останато Aларм во Интер: Лаутаро се премислил и побарал повеќе пари!?

Aларм во Интер: Лаутаро се премислил и побарал повеќе пари!?

Во претходниот период Лаутаро Мартинез неколку пати јавно изјавуваше дека ќе остане во Интер и декан е разгледува други понуди, меѓутоа според последните пишувања на медиумите нешто можеби се променило.

Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека голгетерот се премислил и откако ја увидел ситуацијата на пазарот побарал зголемување во однос на договорените осум милиони евра од претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна Интер се уште не ги решил финаниските проблеми во целост, па тоа може да претставува проблем. Наводно, Лаутаро побарал плата од десет милиони евра годишно плус бонуси.

Понудата на Интер гласела осум милиони евра по сезона, плус бонуси за одреден број на постигнати голови и освоени трофеи. Добро за Интер е што Лаутаро има договор до летото 2026 година, па не се под притисок да го изгубат во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…