Дома Фудбал Репрезентации Египет за нов селектор го избра најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата

Египет за нов селектор го избра најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата

Репрезентацијата на Египет и официјално го назначи новиот селектор, а изборот падна на најдобриот стрелец во историјата на оваа селекција.

Египетскиот фудбалски сојуз објави дека на кормилото седнува 57-годишниот Хусам Хасан. Како играч со Египет, Хасан трипати го освојуваше Африканскиот Куп на Нации, додека дресот на селекцијата го носеше на 176 натпревари и постигна 68 гола.

Хасан на местото селектор го наследува Руи Виторија кој доби отказ откако Египет беше елиминиран во 1/8 финалето на Африканскиот Куп на Нации од ДР Конго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вечерва се затвора првото коло од Лигата на шампионите, Комо дебитира на големата сцена

На стадионот „Şükrü Saracoğlu“, турскиот гигант Фенербахче пред своите фанови ќе ја пречек…