Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат, ќе се одигра во периодот од 15. до 17. февруари, 2024 година, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.
Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) од Првата лига-мажи, формирани се четвртфиналните двојки, а во договор со организаторот, прецизирани се и сатнините на одигрување на сите натпревари од финалниот турнир.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
15.ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)
12.00: (1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
14.30: (4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт
17.00: (2) Пелистер – (7) Феникс 2010
19.30: (3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030
ПОЛУФИНАЛЕ
16. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
17.00: Победник двојка 1 – победник двојка 4 (1)
19.30: Победник двојка 2 – победник двојка 3 (2)
ФИНАЛЕ
17. ФЕВРУАРИ (САБОТА)
18.00: Победник 1 – Победник 2
* Сите натпревари се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола