До Мундијалот во 2026 година има нешто повеќе од 2.5 години, а ФИФА сега објави некои важни информации и планот за Мундијалот.
Ова Светско првенство ќе биде прво што ќе се игра во три држави: САД, Канада и Мексико, но и прво на кое ќе учествуваат 48 држави. ФИФА имаше намера репрезентациите да бидат поделени во 16 групи, но се откажа од тој план и првенството ќе се игра во 12 групи по четири учесници.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така овој Мундијал ќе биде првиот кој ќе трае повеќе од еден месец (11-ти јуни – 19-ти јули). Место досегашните 64 ќе се играат 104 натпреаври. Веќе се познати и градовите домаќини каде што ќе се играат натпреварите. Во САД тоа се: Далас, Канзас Сити, Њујорк, Хјустон, Филаделфија, Сиетл, Сан Франциско, Бостон, Лос Анџелес, Атланта и Мајами. Во Мексико: Мексико Сити, Монтереј и Гвадалахара, а во Канада се избрани Ванкувер и Торонто.
Од сите избрани градови само во Гвадалахара нема да се играат натпревари од нокаут фазата. Од четвртфиналето па натаму сите натпревари ќе се играат во САД. Отворањето ќе се одржи во Мексико Сити на 11 јуни, а стадионот Метлајф во Њујорк кој има капацитет од 75.000 гледачи е избран за домаќин на финалниот натпревар.
Here is the full World Cup 2026 Match Schedule pic.twitter.com/NkRwcUQQdJ
— We Global Football (@We_Global) February 4, 2024