Како што пренесува угледната „Ла Република“, Гери Кардинале сакал да го ангажира светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и да го придодаде како клучен советник во првиот тим на Милан.
Тенисерот би имал улога на персонален консултант со улога на тренер за ментално здравје. Според пишувањата на Италијанците, Ѓоковиќ не би имал постојано задолженија, туку само ако е потребно би добивал повик да се појави во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Ѓоковиќ е еден од ментално најсилните спортисти во светот, па Кардинале верува дека ќе може одлично да влиае на фудбалерите.
Ѓоковиќ е деклариран навивач на Милан и голем пријател со Ибрахимовиќ, но тешко е да се поверува дека може да прифати ваков ангажман.