Дома Македонски спорт Мак фудбал Ердон Даци потпиша за Беверен

Ердон Даци потпиша за Беверен

Македонскиот репрезентативец Ердон Даци во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Беверен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Даци е член на Вестерло, кој се согласи да го пушти на шестмесечна позајмица во Беверен.

„Ердон доаѓа на позајмица до крајот на сезоната. Досега постигна три гола за Вестерло и се покажа како важен фудбалер, па очекувам да биде големо засилување за нас“, истакна спортскиот директор Том Ван ден Абиле.

25-годишниот офанзивец пред да се пресели во Белгија ги бранеше боите на турскиот Коњаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …