Дома Фудбал Останато Русија конечно најде европски противник: Ќе игра против Србија

Русија конечно најде европски противник: Ќе игра против Србија

Фудбалската репрезентација на Русија во март ќе одигра пријателски натпревар против Србија.

УЕФА потврди дека забраната за меѓународни натпревари против европски селекции на Русија не се однесува на пријателските средби, па така нема пречка Русија да игра против Србија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се обидуваа Русите да најдат противник, меѓутоа повеќе репрезентации одбиваа да играат, сепак тој проблем сега е решен. На 21-ви март на стадионот на Динамо Москва ќе гостува Србија.

Откако Русија поради случувањата во Украина беше отстранета од европските фудбал во главно играше пријателски натпревари со селекции од Азија и Африка, како и еден натпревар против Куба.

Беше планиран натпревар против Босна и Херцеговина, но ниту тој не беше одржан поради приговор на босанските репрезентативци. Кога во прашање е руската женска репрезентација тие играа натпревари против Белорусиај, Кина, Иран и Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шеиците во Ал Хилал ги оставија играчите во шок по големата победа со неверојатни бонуси

Фудбалерите на Ал Хилал приредија сензација на Светското клупско првенство – по продолжени…