Дома Фудбал Aнчелоти ги изненади сите: Најмногу притисок имал во – втората италијанска лига!

Aнчелоти ги изненади сите: Најмногу притисок имал во – втората италијанска лига!

Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти во кариерата освои бројни трофеи водејќи големи европски клубови, а денес е тренер на Реал Мадрид, па затоа изненадувачки звучи неговата последна изјава.

Имено, Анчелоти по повод изјавата на Чави дека не можел да го издржи притисокот и затоа на крајот од сезоната заминува од Барселона, Италијанецот беше запрашан дали тој чувствува притисок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот одговор беше изненадувачки.

„Прво сакам да кажам дека не сакам споредби. Ние тренерите често имаме притисок, меѓутоа тоа е нормално за нашата работа. Го почитувам мислењето на секого без разлика дали бил Чави или некој друг. Но навистина не го разбирам (Чави).

Кога во прашање е притисокот, најмногу имав на почетокот на кариерата во втората италијанска лига. Се соочив со навистина тешки моменти и имав мака да го водам тимот, стигнав до момент каде што на еден од помошниците му кажав дека не би издржал до 2000 година, но еве стигнав и до 2024 и уште работам. Со текот на времето се навикнувате дека притисокот е ваше секојдневие“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…