Германците немаат потреба да се грижат за својата иднина.
Репрезентацијата на Германија во фудбал во овој момент веројатно е сила број еден во светот. Тие се актуелни светски шампиони, победници на Купот на конфедерациите, а младата репрезентација на Германија стана шампион на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот, Јоаким Лев создаде таков систем што во овој момент може да состави две подеднакво силни репрезентации со фудбалери помеѓу 20 и 26 години, а Сами Кедира и Марио Гомез се единствените членови на национиот тим кои влегоа во четвртата деценија.
Со оглед на тоа дека огромен број репрезентативци дресот на оваа репрезентација можат да го носат и во наредните десетина години, јасно е зошто Германија не треба да се грижи, а констатно се појавуваат и нови млади исклучително талентирани фудбалери.
Последен во оваа низе чудото од дете Каи Хаверц. Овој дефанзивен играч за врска има само 18 години е член на Баер Леверкузен, а него го споредуваат со Месут Озил од најдобрите денови.
Каква класа поседува Хаверц покажа во денешниот натпревар на младинските селекции помеѓу Германија и Белорусија. Младите Германци славеа со 5:1, тој беше стрелец на четири погодоци, а запиша и една асистенција.
Хаверц е најмладиот дебитант стрелец во бундеслигашката историја на Леверкузен, а веројатно само прашање на време е кога ќе стане сениорски репрезентативец и мета на најголемите европски клубови.