НБА лигата ги избра петорките за Ол-стар натпреварот кој би требало да се одржи на 18-ти февруари во Индијанаполис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Леброн Џејмс по рекорден 20-ти пат во низа ќе биде дел од првата петорка на мечот кој ќе се игра на 18-ти февруари во Индијанаполис. Од друга страна Тајрис Халибартон од домашниот град за првпат ќе биде стартер на еден ваков спектакл.
Халибартон од Индијана како стартер на Истокот ќе има поддршка уште од Демијан Лилард, Џоел Ембид, Јанис Антетокумбо и Џјесон Татум.
На спротивната страна за Западот со Леброн ќе настапат: Лука Дончиќ, Шеј Александар, Никола Јокиќ и Кевин Дурант.
Леброн првпат во кариерата на еден Ол-стар натпревар беше стартер во 2005 година и од тогаш има низа од 20 години како е дел од овој спектакл.