Дома Фудбал Италија Капитенот на Интер во војна со навивачите!

Капитенот на Интер во војна со навивачите!

Капитенот на Интер, Мауро Икарди влезе во војна со навивачите откако ги навреди во својата автобиографија. Покрај тоа што доби свирежи на стадионот, тој доби и заканувачки пораки од страна на најрадикалните фанови.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Навивачите влегоа во војна со Икарди откако излезе неговата биографија, а особено се бесни на делот во кој Аргентинецот опишал момент кога се соочил со еден од водачите на навивачите.

„Ќе се соочам со нив. Колкумина се? 50, 100, 200? Во ред, слушајте ме внимателно, ќе им донесам 100 криминалци од Аргентина и сите ќе ги убијам“, пишува во делот од биографијата на Икарди.

Откако работите се вжештија Аргентинецот се обиде да испрати извинување кое навивачите не го прифатија, туку во неделата му одговoрија со транспарент со пораката: „Ние сме тука, кога ќе дојдат твоите аргентински пријатели, дали ќе не предупредиш или тоа ќе го направиш како кукавица?“.

Војната помеѓу навивачите и Икарди доаѓа во многу незгоден момент за славниот клуб, кој лошо влезе во сезоната и по осум кола во Серија А се наоѓа на 11-то место со исто толку бодови.

Инаку, Икарди минатата недела го продолжи договорот со Интер до 2021 година. Тој стана еден од најплатените играчи во Серија А со годишна плата од 5,5 милиони евра (без бонуси), а откупната клаузула по изнесува 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има нов ѕвер, го купи еден од најскапите автомобили во светот – вреди повеќе од милион долари!

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, освен на теренот, честопати ги привлеку…