Новак Ѓоковиќ со денешната победа против Американецот, Тејлор Фрица од 3:1 во сетови се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен каде што и оваа година е најголем фаворит за титулата.
За Ѓоковиќ денешниот триумф против тенисерот од САД беше 33-ти во низа во Мелбурн и така го изедначи рекордот кој го постави Моника Селеш пред повеќео д три децении.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога е Ѓоковиќ во прашање треба да се каже и дека традицијата за освојување на овој грен-слем е на негова страна бидејќи секогаш кога играл полуфинале и го освојувал турнирот.
Досега во кариерата Новак освои рекордни 10 титули на еден од најголемите грен-слем турнири, а вкупно е на бројката од 24 што исто така е рекорд.