Сегде оди, но дома дојди. Па изгледа по оваа парола ќе се води и Робин Ван Перси кој по се изгледа ќе се врати во Фејнорд, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.
Поточно, оваа информација треба да се земе со резеррва, бидејќи е објава на турскиот таблоид Аксам, но се наведува дека Ван Перси веќе прифатил враќање дома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега преостана менаџерот на фудбалерот со претставниците на неговиот клуб Фенербахче да најдат модел за прекинување на соработката. Заминувањето на Ван Перси, отвара простор за игра на нашиот Елиф Елмас. Фејнорд летово сакаше да го врати искусниот напаѓач во своите редови, но тогаш управата на клуб не успеа да постигне договор за трансфер.
На Холанѓанецот договорот со Фенер му истекува следното лето, така што секако ќе може да го напушти истанбулскиот клуб и тоа како слободен играч. Ван Перси за првиот тим на Фејнорд играше од 2001. до 2004. година, кога премина во редовите на лондонски Арсенал.