Дома Фудбал Италија Ал Кахтани: Манчини е кукавица и лажго

Ал Кахтани: Манчини е кукавица и лажго

Пензионираниот саудиски репрезентативец и поранешен напаѓач Јасер Ал Кахтани, упати жестоки критики до селекторот на националниот тим, Роберто Манчини. 

Манчини пред мечот со Оман, на Купот на Азија, исфрли тројца репрезентативци бидејќи одбиле да бидат дел од тимот доколку не играат од првата минута.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не сум сретнал поголема кукавица од Манчини. Тој не заслужува да ја води репрезентацијата. Тој е кукавица без почит кон никого и со психолошки комплекс. Квалитетниот лидер мора да ги брани оние што ги води. Манчини отпушти играчи кои му служеа на саудискиот фудбал. Зошто зборува за нив пред мечот со Оман, кога состанокот со нив го одржа пред месец и половина?“

„Манчини е лажго. Рече дека ги прашал играчите дали се среќни што ќе седат на клупата. Нормално е што рекле не. Играч кој нема да каже не, не е амбициозен и не заслужува да биде дел од репрезентацијата“, смета Ал Кахтани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…