Дома Останати Тенис Навивач го налути Ѓоковиќ: Дојди и кажи ми го тоа во лице! 🎥

Навивач го налути Ѓоковиќ: Дојди и кажи ми го тоа во лице! 🎥

Новак Ѓоковиќ денеска имаше моменти кога беше на прагот да ги загуби нервите против Алексеј Попирин, а во една таква ситуација имаше конфликт со навивач од трибините.

Австралиските навивачи очекувано даваа поддршка на домашниот тенисер, но во петтиот гем и ја поминаа границата.

Како одговор на провокациите и извиците од трибините Ѓоковиќ директно се обрати на еден навивач и го повика да се симне да се пресметаат.

„Дојди тука и кажи ми го тоа во лице“, му порача Новак на навивачот.

Ситуацијата потоа се смири без да се случи некаков поголем скандал, а навивачот беше принуден да престане со провокациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ на чекор до враќање во Топ 10 на АТП листата

Новак Ѓоковиќ со добри настапи во Пекинг може да се врати во Топ 10 на АТП листата. …