Само неколку часа откако Жзое Мурињо доби отказ, Рома и официјално го назначи неговиот наследник. Како и што се најавуваше тоа е клупската легенда, Даниеле Де Роси.
За Де Роси ова е враќање во клубот каде што помина цели 18 години како професионален фудбалер, а дебито ќе го има против Верона в сабота на „Олимпико“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сакам да се заблагодарам на семејството Фридикин што му ја довери одговорноста да ја водам Рома. Ќе дадам се од себе да помогнам на клубот, како што тоа секогаш сум го правел како играч на теренот.
Ќе се соочиме со многу предизвици, но со нетрпение ги очекуваме истите. Не можам да опишам колку сум горд што се враќам на клупата. Сите добро знаат што значи за мене Рома“, изјави Де Роси.
L’AS Roma è lieta di annunciare che Daniele De Rossi è stato nominato nuovo Responsabile Tecnico della Prima Squadra fino al 30 giugno 2024.
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 16, 2024
Bentornato a casa, Daniele! 💛❤️
📄 https://t.co/S5B8jUnZ4K#ASRoma pic.twitter.com/tDGZbWqDwM