Македонската ракометна репрезентација претрпе нов убедлив пораз на ЕП, овој пат од домаќинот Германија со 25:34.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германија го презема водството на стартот од натпреварот и до полувреме стигна до водство од 18-13, по што во вториот дел домаќинот успешно ја чуваше предноста, а во финишот почна и да ја зголемува до конечни 25-34.
Со оваа победа Германија избори пласман во главната рунда, а Македонија ќе се обиде на 16 јануари со победа над Швајцарија да го освои третото место во групата.
Ненад Костески постигна шест гола за Македонија, додека Јури Кнор беше најдобар кај Германија со 12 погодоци.